Истражувањата откриваат: Дали на жените навистина им е важна висината на мажите и што одредува бројот 109?

popara24 декември, 20211min00
visina-scaled

При изборот на партнер ни се важни и неговите физички карактеристики.

Некои луѓе внимаваат на бојата на очите и косата кај личноста која ни се допаѓа, додека други се грижат за висината на партнерот.

Секако, најважно е дали се совпаѓате како личност и дали во него наоѓате се што е важно за успехот на врската.

Верувале или не, истражувањата покажале дека клучот за среќната врска е соодветната разлика во висината меѓу партнерите. Тоа не значи дека изгледот и личноста се помалку важни, но луѓето внимаваат и на висината на потенцијалниот партнер кога одлучуваат дали да започнат врска со него.

Истражувачите од Универзитетот во Сеул открија дека висината на партнерот е особено важна за дамите. Тие наводно с

е посреќни доколку се во врска со релативно висок маж. Полскиот антрополог Богуслав Павловски дури тврди дека постои идеална врска помеѓу висината на партнерот во врската.

Едно друго истражување на професорот Павловски покажало дека најидеално е мажот да биде 1,09 пати повисок од својата поубава половина. Тоа значи, на пример, дека жена од 172 сантиметри ќе биде најсреќна во однос со маж од 187 сантиметри.

Професорот Павловски смета дека преферирањето на жените за високи мажи има еволутивна причина. Имено, кај посилниот пол, висината е сигнал за здравје и поголем репродуктивен потенцијал, но и социјален статус.

Секое правило, како ова, има свои исклучоци. Сепак, не ви препорачуваме да ја измерите разликата во висината помеѓу себе и вашиот потенцијален партнер пред да одлучите дали да му дадете шанса. Совет е секогаш да го слушате своето срце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma