КЕЈТ МИДЛТОН „ЈА ОТКАЧИ“ КРАЛИЦАТА ЗА БОЖИЌ: Порано тоа ѝ го правеше Вилијам, а таа плачеше дома сама!

popara24 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-24 190943

Кралицата Елизабета ќе го помине првиот Божиќ без нејзиниот покоен сопруг во замокот Виндзор. Принцот од Велс и војвотката од Корнвол ќе го поминат Божиќ со кралицата, а тоа го потврди и портпаролот на резиденцијата Кларенс Хаус.

Кралицата секој Божиќ патува во Сандрингем, но овој Божиќ нема да биде сама. Нејзиниот син, принцот Чарлс и сопругата Камила ќе ги поминат Божиќ и празниците со неа.

Причината поради која кралицата нема да се „отсели“ од замокот е токму поради мерките на претпазливост за да се заштити од пандемијата што ја пустоши Велика Британија.

Kraljica Elizabeta tijekom božićnog govora

Кралицата одеше во црква со нејзиниот покоен сопруг, војводата од Единбург, на 25 декември секоја година, а толпа граѓани внимателно ја следеа.

Но, војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со децата нема да бидат кај кралицата за Божиќ, туку во Норфолк. Имено, оваа година тие решија да се дружат со родителите на Кејт.

Kate Middleton i princ William u crkvi

Очигледно војвотката решила да биде со родителите оваа година, бидејќи Вилијам претходно избегнувал да ги помине празниците со нив.

Да потсетиме, парот се договори за време на празничната сезона во 2006 година принцот да го помине Божиќ со своето семејство, а потоа да отпатува кај Кејт за да ја дочека Новата година со неа и нејзиното семејство.

Kate Middleton kiti jelku

Сепак, Вилијам се предомислил во последен момент, па ден по Божиќ, телефонски и рекол на Кејт дека сепак ќе ги помине празниците дома, пренесуваат локалните медиуми.

Меѓу другото, авторката Кејти Никол напиша за ова во нејзината книга објавена во 2011 година, „Создавање на кралска романса“. Според книгата, Кејт останала во солзи откако Вилијам ја „нокаутирал“ во последен момент.

Неколку недели подоцна, парот накратко раскина, но сепак сфатија дека не можат еден без друг. Тие се венчаа во 2011 година и денес имаат три деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma