Постои една цврста теорија дека момците не се баш романтични, но дека и тие сакаат да бидат опсипувани со внимание и нежност. Следниве 10 романтични ситници ќе направат вашето момче одново да се заљуби во вас.
- Променете го вашиот стил
Познато е дека мажите се визуелни суштества, па можете да постигнете неверојатен ефект со облеката по негов вкус. Кога ќе коментира дека добро ви прилега некоја тесна блуза, облечете со неа тесни фармерки и чизми. Или пак, однесете го во шопинг, но така што барем еднаш тој ќе избере што би сакал да види на вас, од долна облека па натаму.
- Употребете ги рацете
Не станува збор за секс или масажа, иако тој би немал ништо против за овие активности, туку едноставно за допирање и покажување физичка нежност во секојдневниот живот. Држењето за раце додека одите по улица или играњето со стапалата додека лежите на каучот ќе го потсетат дека ви се допаѓа неговото тело. Ако одлучите да го истражите секој негов дел, само напред!
- Испратете го надвор со неговите другари
Времето со неговите другари му е подеднакво важно како и вашето дружење со пријателките. Ако му го признаете тоа, во неговите очи ќе бидете независна, самоуверена и секси жена. Оставете го понекогаш да излезе со своите пријатели. Ако тоа значи дека ќе имате слободна вечер за релаксирачка купка и гледање филови по ваш избор, сметајте го тоа како бонус.
- Оставете му секси порака
Момците обожаваат да слушаат дека ги сакате и дека ви недостигаат. Затоа оставете му кратка, но слатка порака во работната чанта или пратете му СМС додека е на работа, само за да му кажете дека се радувате на тоа што ќе го правите вечер.
- Разубавете му го денот со комплимент
Следен пат кога ќе забележите колку секси изгледаат неговите бицепси додека ги изнесува работите од автомобилот или сече зеленчук во кујната, кажете му го тоа. А кога ќе се понуди да направи нешто наместо вас, заблагодарете му се. Таквите зборови често се злато, особено ако имал тежок ден.
- Фотографијата кажува илјада зборови
Во дигиталната доба, печатењето на фотографии е сѐ помалку вообичаено, и токму поради тоа има посебна магија. Испечатете некоја убава заедничка фотографија, на пример од некое патување, и ставете ја на видно место или дајте му до знаење дека ја имате со себе. Со тоа му покажувате колку ви значат тие спомени и го охрабрувате на уште многу такви моменти.
- Дајте му слободна вечер
Ако сте се договориле дека тој ќе подготвува нешто за вечера, ослободете го од таа обврска и нарачајте нешто. Ако е под стрес поради презентацијата на работа, донесете му освежителен пијалак. Малите гестови се доволни за да се почувствува како да добил кралски третман.
- Променете ги навиките во сексот
Ако сте се навикнале на секс во мрак, оставете ги светлата да бидат вклучени. Водете љубов во некоја друга просторија, или пак на друго место. Разговарајте за своите тајни сексуални фантазии. Кршењето на вообичаената рутина може да биде забавно и освежувачки.
- Споделете го искуството
Подароците кои не се исклучително материјални, туку вклучуваат случувања, односно искуства, како што се патување или спа третман, имаат поголемо значење, бидејќи овозможуваат создавање на убави заеднички моменти. Истражувањата покажуваат дека сѐ повеќе луѓе сакаат подароци што ќе им овозможат да доживеат нешто ново. Па затоа, изненадете го вашето момче со излет или заедничко навивање за неговиот омилен клуб, отколку со ново парче облека.
- Доверете му тајна
Чувството на поврзаност со вас на единствен начин, каков што нема со никој друг, е важно за мажот. Затоа доверете му некоја ваша длабока тајна која ќе ја знае само тој. Со тоа покажувате длабоко ниво на доверба во него и во вашата врска.