Ако имате добар блендер или сечкач за зеленчук, лесно можете да направите секаков вид паштета. Ви пренесуваме рецепт за опојна комбинација од црни маслинки и карамелизиран кромид.
Состојки:
50 грама сечкани црни маслинки
3 порти
3 лажици балсамико оцет
2 лажици кафеав шеќер
2 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
парче путер
сол и бибер по желба
Подготовка:
1. Во тава загрејте ги маслото и путерот и измешајте ги исечканите кромид и лук. Додадете сол и бибер по желба. Пржете додека кромидот не омекне.
2. Додадете шеќер и балсамико, сè добро измешајте и динстајте на тивок оган, повремено мешајќи додека кромидот не се карамелизира. Ќе ви треба околу половина час.
3. Кога смесата ќе се олади, префрлете ја во блендер или во сечкач за зеленчук и измешајте со црните маслинки без кори.
4. Пулсирајте додека не добиете „паштета“.
5. Послужете како предјадење со црна маслинка и карамелизиран кромид со препечен леб или крекери. Добар апетит!