За многу мажи, флертувањето е вистинска вештина, поради што често смислуваат различни тактики за да го освојат срцето на дамата што им се допаѓа.
Но, жените се многу скептични за мажите и нивното флертување. И точно е, понекогаш е навистина тешко да се прочитаат машките сигнали и со сигурност да се каже: „Да, му се допаѓам“.
Сепак, постојат неколку знаци кои треба да ги препознаете за да не ги отпишете како обична учтивост.
1. Постојано ви се насмевнува
Еден од првите знаци на неговиот интерес е насмевката. Ако некој маж повремено ве гледа и слатко се насмевнува, тоа би можело да биде сигнал дека сака да воспостави контакт со вас и да се зближи со вас.
2. Случајните допири се знак на привлечност
Невербалниот говор на телото понекогаш зборува повеќе од зборовите. Доколку често ве допира за време на разговор, постои можност да е заљубен во вас.
Дури и кога овие допири ви изгледаат рефлексивни и помалку важни, тие укажуваат дека постои привлечност.
3. Секогаш е во близина
Мажот кој флертува со вас секогаш ќе најде изговор и начин да биде во ваша близина. Доколку не е во можност физички да биде покрај вас, телефонот ќе ви се вжешти од постојани повици и пораки.