Ким „разочара“ со сиромашна божиќна честитка: Без гламур, и половина од фамилијата фали!

popara26 декември, 20211min00
profimedia-0616396922-830x0 (1)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ги разочара обожавателите со празнична честитка која оваа година воопшто не е слична на оние од претходните години, бидејќи Ким се одлучи за малку поскромна верзија на божиќната честитка.

Овој пат немаше скапи дизајнерски парчиња, туку Ким и нејзините членови носеа тренерки. Ова е малку необично, со оглед на тоа што често имаме можност да ги видиме во гламурозни изданија.

Кардашијан позираше со своите деца Норт (8), Сент (6), Чикаго (3) и Псалм (2), мајката Крис Џенер (66), сестрата Клои (37), нејзината наследничка Тру (3), како и со ќерката на Роб, Дрим (5).

На честитките недостигаа Кортни Кардашијан со децата, Кајли Џенер и нејзината наследничка, како и Кендал Џенер, но и поранешниот сопруг на Ким, Канје Вест, што фановите на Кардашијан го забележаа, а судејќи по реакциите, очигледно им пречи.

„Каде е остатокот од семејството?“ Жал ми е што го нема Канје“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, одржувањето добри односи со Вест уште повеќе им ја отежнува работата на Кардашијан, особено сега кога е во врска со актерот Пит Дејвидсон (28).

Во моментов не се согласуваат, пишуваат странските медиуми и тешко дека можат да бидат заедно во иста просторија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma