Добриот бакнеж ќе ви ги затресе колената, ќе ви ги испоти дланките и ќе ви го забрза пулсот.
Мислевте дека сте ги совладале основите на бакнување уште во училиште? Размислете малку подобро.
Ви ги пренесуваме трите најчести грешки кои ги правиме кога ги поврзуваме усните со партнерот.
- Агресивен почеток
Животот не е филм и она што изгледа убаво на големото платно не е рецепт за однесување во реалноста.
На пример, агресивното спојување на усните нема да предизвика страсти, туку ќе ве остави со модринки на и околу пределот на усните.
Наместо тоа, почнете со нежно спојување на усните, а потоа постепено забрзувајте. Слушајте ги сигналите на телото на вашиот партнер, здивот и отчукувањата на срцето, па сигурно нема да погрешите.
- Премалку јазик
Никој не сака кога некој му го „забодува“ јазикот во хранопроводникот додека се бакнува, но држењето на јазикот во сопствената уста нема да го предизвика посакуваниот ефект.
Задолжително започнете го бакнежот со затворени усни, а потоа гризнете ја долната усна на партнерот, нежно поминете со јазикот преку неговите рабови, па допрете го со него и дозволете моментот да ве одведе до незамисливо задоволство.
- Погрешно таргетирање
Во средината на бакнувањето, можеби ќе сфатите дека повремено вдишување кислород е добра работа за вашето тело. Кога ќе се разделите од партнерот, можеби ќе одлучите разиграно да поминете со усните преку неговиот образ или чело.
Нежниот момент може да го расипе погрешното таргетирање, односно усните кои несмасно сте ги ставиле на носот или брадата.
Во тој момент партнерот нема да биде вешт во координирање на движењата, па можеби е подобро да продолжите да се бакнувате како ништо да не се случило.