ПРВИОТ МАЖ САКА ДА Ѝ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ НА ЏЕЈ ЛО: Во брак беа само 11 месеци, а тој со години смислувал пеколен план

popara28 декември, 20211min00
Jennifer-Lopez-i-Ojani-Noa

Џенифер Лопез и Оџани Ноа беа во брак од 1997 до 1998 година, но нејзиниот адвокатски тим сè уште го следи секој негов потег.

Џенифер Лопез е рекордерка по бројот на неуспешни бракови.

Три пати го кажа судбоносното „да“, а за малку ќе му го кажеше и на сегашното момче Бен Афлек со кој шокантно ја раскина свршувачката во 2003 година. Сепак, 18 години подоцна, парот доби уште една шанса.

Прво беше во брак со Оџани Ноа само една година, од 1997 до 1998 година, а потоа во 2001 година се омажи за танчерот Крис Џад. Овој пат, остана во брак две години. Потоа следуваше бракот со колегата Марк Ентони, со кој ја врзуваше долгогодишно пријателство, а официјално нивниот брак траеше од 2004 до 2014 година.

Ojani Noa: The Truth About Jennifer Lopez's First Husband

Парот за тоа време ги доби близнаците Ема и Макс, а по разводот останаа во пријателски односи. Марк и го излечи срцето по раскинувањето со Бен, исто како што нему тоа му го направи неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Но, да се вратиме малку подалеку на првиот „Господин Лопез“, Оџани Ноа.

Музичката дива го запознала во ресторан каде работел како келнер, а бракот траел само 11 месеци. Иако долго време се сметаше дека парот се развел во добри односи, особено затоа што тој го водел нејзиниот ресторан „Мадрес“, се чини дека вистината е сосема поинаква. Очигледно денешниот писател и тренер сè уште се обидува на секој начин да продаде пикантерии од бракот со една од најпознатите жени на планетата.

Џенифер Лопез има три пропаднати бракови и неуспешна свршувачка со Бен Афлек, со кој повторно е во врска.

Прво се обидел да објави книга, но Џенифер го тужела и го спречила во тоа. Пејачката со години го следи секој негов потег, се со цел да не проговори.

Jennifer Lopez sues ex-husband Ojani Noa for $10M over sale of 'sexual'  honeymoon videos - New York Daily News

Дотичниот наводно поседува експлицитни снимки за кои се уште се надева дека ќе ја видат светлината на денот. Покрај тоа, постојат наводни снимки на кои Џенифер се расправа со нејзината мајка.

Тимот на Џенифер будно ги следи сите случувања, а интересно е што дотичниот постојано истакнува дека не го интересира славата и дека живее живот далеку од сите, што не би се рекло…

.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag