Сите се тука… само Саманта ја нема! Сите останати членови на тимот кој стои зад серијата „Сексот и градот“ и неговото продолжение, освен Ким Катрал, се собраа на едно место.
Во Њујорк вчера беше претставено продолжението на култната серија „Сексот и градот“, наречено „…И само така“, по долгогодишно чекање.
На црвениот тепих прошетаа главните ѕвезди од оваа серија, освен актерката Ким Катрал, која не воодушеви како Саманта и која не сакаше да учествува во овој проект.
Сара Џесика Паркер се појави во издание достојно на Кери Бредшо – елегантна тоалета со потписот на модната куќа Оскар де ла Рента, на која нејзината хероина секако не би кажала „не“. Станува збор за сива балска тоалета со миди должина, која ја надополни со светло сива наметка, а посебен детал е парчето светло розев тул, со кој актерката искомбинира розови салонки од својата колекција Duchess. Таа продефилира пред публиката во друштво на нејзиниот сопруг и познат актер Метју Бродерик и синот Џејмс, но Кери не би била Кери доколку во еден момент не позираше прегрната со Крис Нот, нејзиниот Биг од серијата.
Синтија Никсон, пак, избра монохроматски стајлинг во кој лесно можеме да ја замислиме Миранда. Таа носеше мантил-фустан, а имаше и чизми од превртена кожа во портокалова боја.
Кристин Дејвис избра класична елеганција и фустан во стилот на нејзината хероина Шарлот – романтичен фустан со шлеп и набори во форма на цвеќе што ја нагласува фигурата.
Секоја му оддаде почит на ликот што го глуми и секоја беше брилијантна, нели?