Се верува дека ОВАА НАМИРНИЦА не би требало да ја има на трпезата за Нова година: Симболизира нешто ужасно…

popara31 декември, 20211min00
13473844961cd99992e631559036856_640

Новогодишна трпеза – разновидна, шарена, раскошна, величествена, волшебна, празнична, различна од другите! Античките народи верувале дека богата трпеза и разновидни јадења на трпезата носат просперитет и среќа во новата година. Храната е составен дел од празничната идила и еуфорија. Некако празниците и убавите моменти ги поврзуваме со мирисот на храната од кујната на мајка ни и баба ни. Меѓутоа, поставувањето на богата новогодишна трпеза не е само да се нахраните, туку секое јадење треба внимателно да се одбере бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба.

Грозје

Грозјето пред се е симбол на здравје и сила, па затоа се препорачува да јадете точно 12 зрна грозје после полноќ, по едно за секој месец, за да бидете здрави секој месец во наредната година.

Риба

Со оглед на тоа што Божиќните пости траат и за новогодишната ноќ, рибата нека биде на вашата трпеза. Освен тоа, симболизира непречено движење, движење без пречки, па навестува лесна година во која ќе „пливаат“ сите работи.

Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Зелка салата

Поради својата зелена боја ја симболизира хармонијата на природата и среќата, како и долговечноста.

Тортата

Поради самата структура, која содржи многу шеќер, тортата е симбол на сласт. Погрижете се вашата торта да биде што е можно побогата со состојки за да има што повеќе сласт во наредната година.

Заборавете на пилешкото

Она што не се препорачува на новогодишната трпеза е месото од пердувестите животни, бидејќи тие имаат крилја, па ја симболизираат среќата што заминува, пренесува „espresso.co.rs“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma