Во повеќето случаи, дезодорансот е соодветна заштита од потење и мирис на пот.
Сепак, сигурно сте се нашле во ситуација и покрај тоа да чувствувате непријатен мирис од вашето тело.
Иако температурите не се високи, кога луѓето повеќе се потат, а во овој, постуден период од годината, може да дојдете во непријатна ситуација, кога ќе ја соблечете јакната или палтото до некого, откако ќе се возите во топла кола.
Според експертите, непријатните мириси кои доаѓаат од човечкото тело, а кои се природни, се засилуваат кога во организмот ќе се внесе храна која содржи поголема количина на сулфур.
Веројатно веќе сте знаеле дека храната влијае на чувството на пот, но дали сте забележале дека овој непријатен мирис е поинтензивен кога консумирате силна и зачинета храна?
Храната како лукот и кари често се користат во преработката на месото и зеленчукот, а овие две намирници содржат поголема количина на сулфур. Значи, лукот го влошува мирисот на вашето тело, дури и ако го внесете во телото со траги.
Големо количество на сулфур содржат и зелката и младиот кромид, кој создава непријатен мирис на пот, а со нив и варените јајца.
Покрај храната што ја јадете, важно е да внимавате и на општото здравје на органите за варење.
Цревните проблеми можат да предизвикаат и многу непријатен мирис. Кога цревната микрофлора е во оптимална состојба, односно кога е избалансирана, храната лесно се вари, а непријатниот мирис не се засилува.
Алкохолот е исто така лош избор, меѓу сите други причини, кога станува збор за потта, бидејќи конзумирањето алкохол во човечкиот организам создава оцетна киселина.
Неповолни се и прекумерното консумирање слатки и производи кои содржат бело брашно.