Изненадете го вашиот партнер!
Девојката која излегла на состанок со непознат дечко не очекувала каков ќе биде остатокот од вечерта за време на состанокот. Имено, срамежливото момче се претворило во сексуално чудовиште, а новото искуство кое го доживеала со него никогаш нема да го заборави, па решила да го сподели ова со другите.
Позата „Змеј“ е токму она што ви треба за да се опуштите и максимално да уживате.
Како се изведува:
Легнете на стомак со кренати раце над главата. Со перница или две поставени под срамната коска, малку раширете ги нозете. Партнерот нека го истегне телото над вашето и нека влезе во вас, имитирајќи ја положбата во која се наоѓате. Наместо брзо туркање одзади, оваа поза бара кружни движења.
Зошто ќе ви се допадне оваа поза:
Кружната стимулација полека целосно ќе ве наежи, носејќи суптилен, но моќен оргазам. Во оваа поза нема многу движење, па затоа е одлично доколку партнерот е склон кон брзи оргазми, или пак само сакате да уживате во чувствувањето на телото на партнерот.
Совет:
И покрај тоа што не сте на врвот, сепак можете да бидете главен играч во оваа поза. Ако ги усогласите колковите, вашите тела ќе се движат изедначено. Забрзувајте или забавувајте заедно за да го одржите моментот, пишува британскиот портал Cosmopolitan.