Факт е дека многу жени едноставно ги привлекуваат мажи кои не се за нив: Еве зошто се случува тоа

popara1 јануари, 20221min00
Screenshot 2022-01-01 214413

Овие мажи се се освен оние со кои имате можност да бидете среќни

Невозможно е се да е само случајност.

Вашата самодоверба е премногу ниска

Кога некој има ниска самодоверба тоа се гледа. А ако не се сакате доволно, ниту таквите момци не чувствуваат потреба да ве сакаат. Ако не се цените доволно себеси, многу лесно можете да станете жртва на нечија отровна љубов. Жените со висока самодоверба се недостижна категорија за таквите мажи, поради што ги избираат оние кои мислат дека не заслужуваат подобро, пишува Женски магазин.

Можеби сте премногу фини

Вашата љубезност и вашата учтивост се квалитетни особини, но тие се и нешто што многу лесно ќе го искористат погрешните мажи. Тие се луѓе кои знаат дека не сте некој што ќе се жали на нивното однесување, но и дека нема да им возвратите со иста мерка. Ако сте премногу фини и никогаш не се залагате за себе, ќе им дадете до знаење дека сте подлога што можат да ја газат како што сакаат.

Премногу сте емпатични

Токсичните момци својата совршена „жртва“ ќе ја најдат во девојка која е премногу емпатична. Ако е подготвена трпеливо да слуша сè за неговите проблеми, а не да го осудува, тој до себе гледа идеална личност за олеснување на душата и совеста, но не и партнер. Иако емпатијата е добра особина, важно е да знаете дека не треба да се трудите да им помогнете на сите, ниту да имате разбирање за сите.

Порано сте биле разочарани во љубовта

Ако имате тенденција да привлекувате погрешни момци, голема е веројатноста дека некој ви го скршил срцето во минатото. Не е лесно да се излечи срце кое страда од љубов, а токсичните мажи едноставно можат да „намирисаат“ такви работи. Тие знаат дека можат да го искористат фактот што моментално тсе ранливи и дека ви треба некој да ви каже неколку зборови за утеха. Сепак, на крајот, вашето срце не е излечено, туку здробено на уште помали парчиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma