Состојки:
тост леб
тост сирење
мини виршли
2 јајца
2 dl млеко
сол
бибер
100 гр сланина
Подготовка:
Најпрво потребно е да се испржи сланината за да биде крцкава.
После тоа, потребно е да се исечат рабовите на кришките леб, а потоа да се одвојат со сечење.
Потоа врз лебот ставете тост сирење, па крцкава сланина, па виршли кои можете малку да ги сварите или да ги испржите пред тоа.
Потоа изматете ги јајцата, додадете млеко и малку сол и бибер и потоа ставете го роланиот тост.
Потоа испржете го сето тоа додека не порумени.