Во моментов ми е малку тешко со социјалните мрежи, но имам многу луѓе кои ми праќаат видеа и ми кажуваат што се случува – изјави Шон.
Канадскиот пејач Шон Мендез (23) на Инстаграм објави видео во кое си ја отвори душата и објасни како се чувствува по раскинувањето со Камила Кобелјо. Тој зборуваше и за својата нова песна „It’ll Be Okay“, а призна дека му било многу тешко на социјалните мрежи по раскинувањето со Камила.
– Сакав само да направам мало видео и да им се заблагодарам на сите што се поистоветија со песната „It’ll Be Okay“ и објавија видеа на ТикТок. Во моментов ми е малку тешко со социјалните мрежи, но имам многу луѓе кои ми праќаат видеа и ми кажуваат што се случува – изјави Шон.
Потоа поетски зборуваше за улогата што музиката ја има во неговиот живот.
– Мислам дека кога правам музика, крајната цел е да ја откријам сопствената вистина. Многу често кога пишувам песни ја користам музиката како платформа за да дојдам до место во себе до кое не би можел да стигнам само со разговор со луѓе или размислување за тоа – изјави Мендез.
Неговите искрени коментари дојдоа откако неговата поранешна девојка Камила се повлече од социјалните мрежи. Таа во неделата ги извести своите 60 милиони следбеници на својот Инстаграм дека ќе биде „офлајн“ до крајот на годината.
-Одам на мала детоксикација од социјалните мрежи до Нова година – напиша Камила.
Иако направи мала пауза, пејачката остана многу зафатена за време на Божиќ. Минатата недела, таа изведе верзија на божиќниот класик „I’ll Be Home For Christmas“ за американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Да се потсетиме, поранешната двојка го објави раскинувањето преку заедничка изјава на Инстаграм. Во соопштението се вели:
– Здраво на сите, решивме да ја прекинеме нашата романтична врска. Врската ја започнавме како најдобри пријатели и продолжуваме да бидеме најдобри пријатели. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток и одиме напред – се наведува во соопштението.
Камила и Шон се забавуваа од 2019 година, веднаш по објавувањето на нивниот хит дует „Сењорита“.