Секој што е изложен на контакт може да се зарази!
Сексуално активните луѓе често практикуваат орален секс. Оралниот секс може да го практикуваат хетеросексуалните партнери (лица од спротивниот пол) како и хомосексуалните партнери (лица од ист пол).
Статистиката вели дека повеќе од 85% од сексуално активните луѓе на возраст од 18-44 години имале барем едно искуство на орален секс со личност од спротивниот пол. Има и статистика која ни кажува дека 33% од тинејџерите на возраст од 15-17 години имале орален секс со партнер од спротивниот пол.
Сексуално преносливите болести се пренесуваат преку орален секс
Многу сексуално преносливи болести може да се пренесат преку орален секс. Секој што е изложен на заразен партнер може да добие сексуално пренослива болест во устата, грлото, гениталиите или ректумот. Ризикот од заразување со сексуално преносливи болести преку орален секс зависи од голем број фактори:
– Сексуално преносливите болести во устата или грлото може да се добијат со давање орален секс на партнер кој има сексуално пренослива инфекција. Особено ако му пружиме орално задоволство на партнер со заразен пенис;
– Можеме да добиеме сексуално преносливи болести доколку орално задоволство ни пружи лице со сексуално пренослива инфекција на грлото или устата;
– Можно е да има сексуално пренослива болест на повеќе од едно место, на пример во грлото и гениталиите
– Сексуално преносливите болести може да се пренесат на сексуалниот партнер дури и кога заразениот партнер нема симптоми на болеста
Некои од сексуално преносливите болести кои можат да се пренесат се кламидија, горонеја, сифилис, херпес, ХПВ вирус, ХИВ, трихомонијаза.
Тешко е со сигурност да се каже колкав е ризикот од добивање на сексуално пренослива болест од одреден начин на секс. Бидејќи покрај оралниот секс често се практикува и вагинален или анален секс. Студиите покажаа дека ризикот од добивање ХИВ преку орален секс е многу помал од добивањето преку вагинален/анален секс. Ова може да не важи за други сексуално преносливи болести. Бидејќи, во едно истражување, учествувале машки геј лица заразени со сифилис. Еден од петте имал само орален секс. Некои фактори може да ги зголемат шансите на лицето да добие ХИВ или друга сексуално пренослива болест преку орален секс. Ако некое лице има лоша орална хигиена, одредена иритација во грлото/гениталиите или е изложено на семена течност (сперма) од заразен партнер.
Можноста за пренесување или добивање на сексуално преносливи болести преку орален секс може да се намали со користење на кондом или забна заштита. Не постои 100% безбеден начин, освен да не се практикува никаков вид на секс.