Три работи кои би можеле да ги носиме во нашиот ПАРИЧНИК за да привлечеме пари и позитивна енергија

popara2 јануари, 20221min00
bac788c9fed8e7aab969527c38d93804d094ef53

Според фенг шуи, паричникот секогаш треба да биде уреден за енергијата на парите да биде поволна. Затоа, сите непотребни визит-картички, сметки треба да се отстранат од паричникот, а да се остави простор за пари кои треба да бидат уредно распоредени според износот и големината на банкнотата.

Уредноста е предуслов за привлекување повеќе пари, но покрај банкнотите, во паричникот можете да вметнете и 3 амајлии за кои се верува дека можат да го умножат изобилството:

Среќна банкнота

Тоа може да биде банкнота што сте ја добиле од пријателот кој ви го купил паричникот, или некоја странска валута што ве потсетува на убаво патување, како и банкнота што ви ја подарил некој близок. Може да бидат и пари што ќе ги заштедите и потоа ќе ги користите како симбол за подобрување на вашите финансии. Важно е оваа банкнота да има посебна вредност за вас, не материјална, туку да ве асоцира на нешто позитивно.

Детелина со четири листови

Сите знаеме за овој амајлија, како и за насмевката на вашето лице што се појавува кога ќе ја пронајдете. Во паричникот можете да чувате и детелина, која ви ја подарил некој близок. За да трае подолго, пресувајте ја детелината со четири листа, па ставете ја во парче хартија или зип кеса и чувајте ја како талисман за среќа во вашиот паричник.

Кинески фенг шуи монети

Тие се нарекуваат и монети Ај-Чинг, а за да функционираат треба група од 3,6 или 9 монети да се врзат со црвен конец. Освен што привлекуваат изобилство, овие монети се сметаат за амајлија за среќа и општа благосостојба. Многумина ги закачуваат во домот, канцелариите, автомобилот, а можете да ги носите и во вашиот паричник.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma