Тие се идеални за одржување на целото ваше домаќинство
Освен што со кесичката чај може да помогнете вашите билки да бидат поубави и појаки, доколку ја користите ја заштитувате и животната средина со рециклирање.
Листовите од чајот содржат танинска киселина и хранливи материи кои се природно ѓубриво за вашата градина. Кога ќе завршат во земјата, чајот почнува да се распаѓа, ослободувајќи ги овие хранливи материи во почвата и на тој начин создава поздрава средина за растење, пишува The Gardening Cook.
Некои кесички чај се направени од манилски коноп, кој се добива од влакната на листовите од абака, растение од семејството на банани. Ваквите кеси може да се стават во земја заедно со чајот бидејќи и тие брзо се распаѓаат, пренесува espresso.co.rs.
Исто така, искористените кесички чај, особено црниот чај, можат да помогнат во заштитата на растенијата од паразити, како и талогот од кафето. Нивниот мирис им пречи на инсектите кои сакаат да ги грицкаат вашите цвеќиња и зеленчук.
Кесичката чај може да се користи и за садење семиња. Нежно ставете го семето во кесата, чувајте ја влажно, а кога ќе никне, само преместете го заедно со кесата во земја.