Проветрувајте ја просторијата и пијте многу течности: 5 трикови за борба со сувата кашлица

popara3 јануари, 20221min00
333592_kasalj-shutterstock-596816120_ff

1. Пијте многу течности

Неопходно е да се консумираат многу течности за секаков вид кашлица, а најдобро е течноста да се одржува топла, бидејќи е добра за отворање на бронхиите, ќе ја смири сувата кашлица, а со тоа ќе го поттикне излачувањето на насобраниот секрет во дишните патишта. Многу билки се добри за искашлување како мајчина душица, горчлива тиква, сладунец, анасон, нане, анасон…

2. Редовно проветрувајте ја просторијата

Она што е неопходно е постојано да го проветрувате вашето место за спиење, бидејќи свежиот воздух одлично влијае на здравјето, па најдобро е често да ја проветрувате просторијата. Не дозволувајте воздухот да ги исуши вашите мукозни мембрани. Затоа во зимските денови отворете ги ширум прозорците барем 5 минути.

3. Навлажнете ги просториите

Ова е многу важно да се примени бидејќи ако воздухот околу вас е сув, ќе ви ги исуши слузокожата и ќе создаде можност за развој на разни инфекции. Можете да го навлажнете воздухот со различни резервоари за вода на радијаторот.

4. Спијте на крената глава

Поради испуштање на секрет во долниот респираторен тракт, најдобро е да спиете на малку подигната глава, бидејќи веројатно сте забележале дека кашлицата најчесто ви се јавува навечер кога спиете, бидејќи сте во лежечка положба.

5. Зајакнување на имунитетот

Исто така, важно е да го зајакнете вашето тело со витамини како Д, А, Ц, Е и Омега 3 масни киселини, минерали како цинк и селен. Избегнувајте алкохол и кафе, бидејќи предизвикуваат губење на течности во телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma