Хали Бери веќе некое време е во врска со Ван Хант, пејач и текстописец.
Холивудската актерка Хали Бери на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави интересна фотографија која ги збуни нејзините следбеници. Имено, актерката изгледа како да се омажила за американскиот пејач и текстописец, Ван Хант, бидејќи во описот на фотографијата напиша: „Па, официјално е“.
Бројните фанови почнаа со честитки, но ова делумно беше и шега, бидејќи на следната фотографија објасни дека мислела дека официјално дошла 2022 година, а не дека се мажи.
Инаку, долго време се полемизираше кој и го зел срцето на Хали Бери, а тоа го откри на интересен начин. Таа конечно го сподели неговиот идентитет носејќи маица со натпис „Ван Хант“ и ги потврди гласините кој е тој човек.
Актерката беше во брак три пати. Првиот пат беше во 1993 година за Дејвид Џастис (54), вториот пат во 2001 година за кантавторот Ерик Бенет (49), а третиот пат, во 2013 година за актерот Оливер Мартинез (54), со кој доби син, Мејс Роберт.