Славниот фудбалер Кристијано Роналдо (36) и неговата партнерка, манекенката Џорџина Родригез (27) се познати по нивната голема љубов и раскошниот начин на живот кој често го прикажуваат и поради кој многумина им се восхитуваат, но малку знаат како изгледа нивниот живот кога ќе се исклучат камерите.
На Нетфликс наскоро ќе се емитува долгоочекуваната серија „Soy Georgina“, која го следи љубовниот живот на фудбалерот и манекенката, а во него ќе зборува токму Џорџина.
– Многумина го знаат моето име, но малку кој знае која сум јас – рекла манекенката во новата најава за серијата која излегува на 27 јануари, во која Георгина е опишана како мајка, инфлуенсерка и партнерка на Кристијано Роналдо.
Манекенката открила дека нетрпеливо ја очекува венчавката со Роналдо, но и каков е тој кога камерите ќе се исклучат.
Кристијано е одличен татко и сопруг, за подобар можев само да сонувам. Не готви, но после се што прави тој заслужува на масата да го чека подготвено јадење со многу љубов – открила Џорџина и додала дека дома имаат готвач, но дека понекогаш и таа готви.
– Кога не е дома тогаш си дозволувам да зготвам нешто што тој не го сака и не го конзумира. Вистина е дека понекогаш јаде пица, но веднаш после тоа напорно вежба – изјавила Џорџина.
– Сакам да го изненадам со храна која тој ја сака, но сепак сите можеме да се најдеме само кога него го нема, понекогаш едвај чекаме да си оди – се пошегувала манекенката.