Можеби ние жените немаме толкава самодоверба колку што треба и сме преоптоварени со целулитoт и килограмите, но мажите се далеку понесигурни од нас – иако тоа многу подобро го кријат. Некои прашања не престануваат да ги мачат, па ајде да одговориме на нив уште еднаш.
- Дали големината навистина е важна?
Мажите секогаш ќе го поставуваат ова прашање без разлика колку се уверени дека не е, големината навистина не е пресудна, бидејќи без добра техника нема да се паметат ниту најнадарените. Освен тоа, ако пенисот е преголем, големи се шансите тоа да биде болно и непријатно искуство, а кој може да задоволи и премал? Хм…
- Дали е важно времетраењето на сексот?
За да не заврши сè малку пребрзо, мажите користат разни трикови како да размислуваат за нешто сосема друго. Сепак, истите трикови понекогаш можат да го продолжат сексот и повеќе од половина час, што и онака е прилично непријатно за жената. Велиме дека – важно е времетраењето, а за жената да биде задоволна, сексот во просек треба да трае 15-20 минути.
- Дали предиграта е преценета или потценета?
Повеќето жени сакаат предигра. Но, тоа не значи само бакнување, гушкање и слично. „Загревањето“ за секс може да се смета и за начинот на кој мажот зборува со вас, претходните состаноци и времето поминато заедно пред сексот.
- Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?
Наместо тоа, би можело да се каже дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не ѝ овозможи да доживее оргазам. Сепак, ова е главниот показател дека мажот се грижи за својата партнерка.
За жените оргазмот е речиси исто толку важен како и за мажите, единствената разлика е во тоа што не чувствуваат болка во интимните органи доколку се возбудат и не го доживеат.
- Дали оралниот секс е подобар од нормалниот?
Мажите обожаваат кога партнерката орално ги задоволува и многу повеќе зборуваат за тоа еден со друг отколку за обичен секс. Затоа, тие се изненадени кога жената не сака орален секс, дури и кога им се пружа тоа задоволство, а ги има такви.
На жените треба да им се даде време сами да одлучат кога е вистинското време за тоа. Во некои случаи, оралниот секс би можел да се опише како пријател кој ретко излегува, но кога ќе излезе одличната забава е загарантирана.