Веројатно веќе сте слушнале за потребната боја и форма, но дали сте слушнале за чистење, сортирање, преграда и ХАРТИВЧИЊА!?
Фенг шуи правилата и старото народно верување се совпаѓаат во едно – паричникот што го користиме треба да биде црвен. Црвената боја е симбол на просперитет и буди убави емоции.
Најдобро е да изберете правоаголен паричник. За чување монети, подобро е да изберете торбичка со правоаголен облик, но не се препорачува ставање хартиени банкноти во истиот паричник.
Избегнувајте сини паричници. Сината боја е симбол на водата и буквално ги „измива“ парите од паричникот.
Следете ги овие пет чекори ако сакате повеќе пари во животот!
- Чистење
Извадете сè од вашиот паричник, баш сè. Избришете го со влажна крпа од микрофибер за да го исчистите.
- Подредете се што ќе најдете внатре
Веројатно имате куп сметки или ливчиња хартија кои навистина не ви се потребни. Ако меѓу нив има такви кои мора да ги чувате, нивното место не е во вашиот паричник, туку некаде во куќата каде што чувате други хартии поврзани со финансиите. Исфрлете ги сите истечени членски картички и напишете ги броевите од визит-картичките на вашиот телефон.
Не заборавајте на готовината – убаво исправете ги банкнотите и потоа наредете ги. Колку пати ви се случило да претурате по парите, затоа што не знаете каде е која банкнота или за 50 денари да мислите дека се 100? Наредете ги банкнотите по вредност, од најмали до најголеми и нека стојат секогаш така. Ова е првиот чекор кон исфрлање на „хаосот“ од вашиот паричник, а ќе ви значи многу.
- Што стои во која преграда?
Секогаш носете го во вашиот паричник само она што треба да го имате со себе секој ден. Ако од него испаднат стуткани банкноти, банкарски сметки кои веќе се избледени, визит-картички, потсвесно ќе ве иритира веднаш штом го отворите. Сè што ви треба често ставајте во најлесно достапната преграда.
- Во него додадете едно парче хартија
Добрата енергија привлекува добра енергија, па затоа во една од преградите за паричникот ставете парче хартија на кое сте напишале некоја афирмација, порака до себе, можеби дури и чек што сте си го напишале за одредена сума а нема да го подигнете, како симболи за привлекување добра енергија.
- Каде да го чувате?
Го средивте паричникот, тој е подготвен да привлече добра енергија и изобилство, сега не би било само да го ставите во чантата полна со хаос. Нека средувањето на чантата биде вашиот следен чекор!