Ова е една од оние одлуки што треба да ја преспиете добро…
Размислете за вашата природна боја на коса. Покрај природната боја на коса, внимавајте и на тенот и бојата на очите. Ако вашиот тен има златни или жолтеникави подтонови, најверојатно ќе ви одговараат топлите нијанси. Ако вашиот тен е розов и блед, подобро ќе ви одговараат посвежите тонови.
Доколку не можете да се одлучите во која категорија би спаѓал вашиот тен, проучете ја гардеробата во вашиот плакар. Добро погледнете кои бои ги носите најчесто. Ако сакате неутрални бои како беж, сива, бела, каки или темно сина, посветлите тонови на косата веројатно се за вас.
Ако повеќето од вашите алишта се светли бои како смарагдно зелена, магента, виолетова, сина, розова или жолта, веројатно подобро ќе ви одговараат поладни тонови.
Светло-кафеавата боја на коса, како онаа на Миранда Кер, е една од најблагодарните бои во кои можете да се бојадисате освен ако природно не сте исклучително светли, тогаш би можеле да имате проблеми со израстокот.
Црвените бои за коса се многу популарни, но не им прилегаат на сите. Добрата работа е што има многу нијанси за избор. Жените со топли тонови на кожа и потемна кожа најдобро ќе изгледаат со златни бакарни тонови, а бледите луѓе ќе изгледаат подобро со рубин или темноцрвена боја. Која нијанса на црвена боја и да ја изберете, имајте на ум дека црвените тонови најбрзо се мијат и дека црвеното е најтешко за одржување. Ако сакате да користите производи за стилизирање базирани на топлина, црвената никако не е боја за вас. Чувствителна е, лесно се мие и избледува, па затоа треба да избегнувате се што ја оштетува – сонцето, прекумерно миење и производи за стилизирање.
Има толку многу руси бои за коса што можеме да пишуваме само за нив. Ги има толку многу што нема човек кој не сака барем некоја нијанса на руса, важно е секој кој е љубител на руса коса да ја најде идеалната нијанса.
На луѓето со светли очи и кожа ќе им одговараат светли нијанси слични на тонот на нивната кожа – пепелливи, пастелни и крем тонови. На луѓето кои природно имаат блед тен и темна коса, како Гвен Стефани, најдобро ќе им прилегаат златни, мед и карамел тонови. Но, како што видовме на Гвен, дури и платинесто руса коса со таков тен може да изгледа одлично!
Како и кај црвената, секој што ќе се одлучи за руса коса мора да биде подготвен за напорно одржување. Русокосите ќе треба да се бојадисуваат барем еднаш на секои 6 недели за да се избегне прекумерен израсток и да се врати живоста на бојата. Ако ова е премногу за вас, треба да размислите за боја на косата што е поблиска до вашата природна.