ТОКСИЧНА ВРСКА? Знаци кои покажуваат дека сигурно го „давите“ партнерот!

popara5 јануари, 20221min00
Screenshot_3

Без разлика дали сте на почетокот од вашата врска или пак, веќе некое време сте заедно, дали со сигурност можете да кажете дека станува збор за љубов? Доколку посериозно размислите, дали можете да тврдите дека и покрај сè вие не сте дел од токсична врска? Погледнете ги следниве 14 клучни разлика помеѓу љубовната и токсичната врска кои можат да ви помогнат да откриете нешто повеќе за вас и вашиот партнер…

 

  1. Љубов: Личниот развој е приоритет.

Токсична љубов: Опседнатост со врската.

 

  1. Љубов: Има простор за личен раст и развој, како и желба кај партнерот да се развива заедно со вас.

Токсична љубов: Интензивна потреба другите личности да ве видат заедно, што може да укажува на несигурност и страв од осаменост.

 

  1. Љубов: Различни интереси, различни пријатели, одржување на значајните врски во вашиот живот.

Токсична љубов: Ограничен социјален живот, занемарување на старите познанства, пријатели и интереси.

 

  1. Љубов: Постигнување меѓусебен успех, сигурност во вашата вредност.

Токсична љубов: Целосно насочување кон однесувањето на партнерот, страв од сите промени во врската.

 

  1. Љубов: Вие имате целосна доверба еден во друг.

Токсична љубов: Љубомора, посесивност, страв од конкуренција.

 

  1. Љубов: Компромис, преговарање, преземање водство. Заедничко решавање на проблемите.

Токсична љубов: Борба околу контролата, наметнување вина, пасивно-агресивна манипулација.

 

  1. Љубов: Прифаќање на индивидуалноста.

Токсична љубов: Обиди за промена на партнерот.

 

  1. Љубов: Однос кој се бави со сите аспекти на реалноста.

Токсична љубов: Односот се темели на илузии и избегнување непријатности.

 

  1. Љубов: Истовремена грижа и за себе и за партнерот. Емоционалната состојба не зависи од расположението на партнерот.

Токсична љубов: Очекување дека едниот партнер треба да ги поправи нештата и да ве „спаси“.

 

  1. Љубов: Здрава загриженост за вашиот партнер и неговата/нејзината добросостојба.

Токсична љубов: Опседнатост со проблемите и емоциите.

 

  1. Љубов: Сексот е слободен избор кој настанува од љубов и пријателство.

Токсична љубов: Постои притисок за секс поради страв, несигурност и потреба за непосредно задоволство.

 

  1. Љубов: Способност да се ужива во самотијата.

Токсична љубов: Разделеноста е неподнослива.

 

  1. Љубов: Циклус од удобност и задоволство.

Токсична љубов: Циклус од болка и очај.

 

  1. Љубов: Разговори засновани со намера за разбирање, помагање или изразување внимание и приврзаност.

Токсична љубов: Разговори засновани со намера за намалување вина, заземање одбранбен став или манипулирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag