За време на празниците најчесто се релаксираме кога е храната во прашање. Дури и повеќето луѓе кои се хранат здраво, подлегнуваат на слатките и вкусните празнични почести. Секоја строга диета не е здрава, па затоа е во ред да се опуштиме и да уживаме во вкусовите кои нè задоволуваат, но важно е таа да биде умерена. За време на празниците лесно можеме да претераме со храната, а после тоа ни е потребна детоксикација.
Рецепт за пијалок од куркума и зелен чај
Ви пренесуваме рецепт за пијалок за детоксикација направен од здрави состојки кои содржат многу антиоксиданси. Позитивно ќе влијае на дигестивниот систем, ќе го исчисти организмот од токсини, ќе помогне при надуеност, гасови и киселини и ќе ви даде одлична енергија. Состојките имаат антиинфламаторно дејство, а додавањето на нане дава прекрасен и освежителен вкус.
Состојки:
2 лимети
корен од ѓумбир долг 7 см
5 листови свежо нане
1 лажичка мед
1/4 лажичка куркума
150 мл вода
Подготовка:
Исцедете ја лиметата, а потоа излупете го ѓумбирот и исечкајте го. Во блендер ставете ги сокот од лимета, ѓумбирот, нането, куркумата и водата. Мешајте додека не добиете единствена смеса, односно сок. Пијте го вашиот пијалок за детоксикација наутро во следните 4 дена.