Во текот на оваа година ќе присуствуваме на доаѓањето на различните модни трендови, но и на враќањето на старите по кои многумина копнееја. Пругите се на врвот на листата на трендови кои ни се враќаат, а дизајнерите решија да се фокусираат на џемперите со пруги.
Жените ги обожаваат овие џемпери, бидејќи можат да ги носат на безброј начини, а во секоја комбинација изгледаат тренди и шик. Одличната страна на овој тренд е тоа што ги спојува лежерноста и удобноста, а речиси и да нема личност која нема барем еден џемпер со пруги во својот гардеробер.
Доколку се радувате на враќањето на пругите, за вас подготвивме четири џемпери кои ќе доминираат во текот на зимата 2022 година.
1. Омилени на инфлуенсерите
Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, овој џемпер е едно од најпопуларните парчиња облека за оваа сезона. Нема сомнеж дека овој џемпер е идеален за оние ноншалантни, а сепак ефективни комбинации на облека.
2. Комбинација за секој ден
Девојките сакаат да носат лежерно џемпер закачен на рамениците и бела кошула, но и со оваа комбинација, верувајте – нема грешка. Носете панталони или фармерки со широки ногавици и спремни сте.
3. Шаренo, те сакам шаренo
Овој џемпер е во исто време класичен, тренди, едноставен и ефикасен. Ќе се согласите, шарениот џемпер со пруги е моден миленик на многу жени и крие безброј различни идеи за комбинирање.
4. Откопчан џемпер
Под овој џемпер можете да носите маичка, здолниште, кошула и се во нијанса што ја сакате. Ова парче е доказ колку се практични џемперите со пруги и колку ја разубавуваат секоја комбинација.