За подготовка ќе ви требаат само 3 состојки
Црниот дроб е многу важен орган, бидејќи влијае на здравјето на сите други органи и на целиот организам воопшто.
Црниот дроб ја филтрира крвта, отстранувајќи ги штетните токсини од телото. Во исто време, црниот дроб учествува во варењето и производството на одредени ензими, па затоа е неопходно да се грижиме за неговото здравје.
Тој е универзален филтер на нашето тело. Доколку не се грижиме за него, може да дојде до проблеми и задржување на токсините.
Одржувањето на здравјето на овој орган е многу важно, а тоа најдобро се прави со одредени намирници, но и со пијалоци кои имаат моќ да го прочистат и да помогнат да се ослободите од насобраните токсини. Напитокот од црна ротквица е познат од дамнешни времиња. Потекнува од Русија и се користи повеќе од 100 години. Еве како се подготвува:
Ротквицата се ренда, се меша со кафеавиот шеќер и медот и се остава да отстои додека не се ослободи сокот. Се пие во текот на денот, 1 шолја пред јадење.
Овој напиток ќе го поттикне исфрлањето на насобраните токсини, а најчесто се користи за пореметување на жолчното кесе.
Ротквицата поради високата содржина на протеини, јаглени хидрати, масти, целулоза и многу минерали, се смета за намирница која зазема високо место во пирамидата на исхрана.