За час ослободете се од непријатниот мирис по приготвувањето риба: Трикови злато вредни

popara6 јануари, 20221min00
neprijatan-miris-kuhinja-riba-smrad-830x0

Иако се вкусни, јадењата од риба може да бидат незгодни за подготовка поради непријатните мириси кои се шират низ кујната, а потоа и низ домот.

Бидејќи денес го славиме Бадник, кога по правило се приготвува посна трпеза, многумина на менито ќе имаат некој специјалитет од риба.

Иако се вкусни, јадењата од риба може да бидат незгодни за подготовка поради непријатните мириси кои се шират низ кујната, а потоа и низ целиот дом.

Мирисот на печена или пржена риба тешко се извлекува или се отстранува, било од просториите или од рацете или садовите во кои се подготвува, па затоа не е лошо однапред да го знаете решението.

Ако рибата стои подолго време во тенџерето во кое се подготвувала, доволно е во него да сварите црн чај. Мирисот ќе исчезне како никогаш да не постоел.

Кога ја подготвувате рибата, додадете неколку капки сок од лимон во маслото во кое се пржи или пече рибата и втријте лимон во садот во кој ќе ја чувате до послужување.

Мирисот од рацете можете да го отстраните со талог од црно кафе – само истријте ги и измијте ги со сапун.

Додека ја подготвувате рибата, отворете ги прозорците и оставете воздухот да циркулира, а можете да направите и природен освежувач на просторијата.

Зовријте вода со кора од лимон, кога ќе се олади, истурете ја во шише со распрскувач и искористете за освежување на воздухот во собите.

Дополнително, во сад можете да сипете оцет и да го оставите малку да отстои на едно место. Непријатните мириси ќе исчезнат за кратко време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma