ПОЛНЕТИ ПАЛАЧИНКИ! Вечера за паметење!

popara7 јануари, 20221min00
492029_x4-palacinke-1955460937_f (1)

Не ви треба многу време за да го подготвите овој рецепт. Полнетите палачинки се многу вкусни, а ќе уживате со сите сетила

Направете вкусна вечера за паметење!

Состојки:

јајце

шест лажици брашно

половина лажичка шеќер

лажичка сол

половина кесичка прашок за пециво

чаша млеко

две лажици масло

За полнење:

200 гр шунка

100 гр сирење

100 гр шампињони

100 гр кисела павлака

оригано

Подготовка:

Замесете ја смесата за палачинки. Ако е премногу густа додадете малку млеко. Потоа испечете ги на вообичаен начин. Исечкајте ги шампињоните и пропржете ги во истата тава. Во сад измешајте ги рендано сирење, печурките, павлаката, ситно сечканата шунка и ориганото. Во средината на секоја палачинка се става филот, па се витка лево и десно, односно горе и долу. Послужете додека е топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma