МНОГУ ТЕШКА ХРАНА И АЛКОХОЛ, А ПРЕМАЛКУ СОН: Овие одлични трикови ќе ја маскираат уморната кожа на лицето!

popara7 јануари, 20221min00
Screenshot_3

Прославите се убави, но си го земаат данокот кога е во прашање нашата кожа, но за се има решение

 

 

Сакавме прослави, забава и добро дружење, а каде што има прослави има и јадење и пиење, а можеби и по некоја чаша.

 

Веројатно деновиве ве мачи мамурлак, а и не дека сте задоволни од глетката во огледалото.

 

Ако сте пиеле повеќе алкохол и премалку вода, вашето лице денес покажува знаци на прекумерен замор, сувост и сивило. Последиците можат да бидат поизразени брчки, но има решение.

 

  1. Коцка мраз или ладна лажица

 

Овој трик е еден од најстарите – ладното ги буди и стеснува крвните садови, а ни дава и чувство на свежина. Земете коцка мраз и ставете ја на очните капаци и лицето на места кои се малку отечени. Само, не подолго од десет секунди, спак се работи за лед. Постапката можете да ја повторите неколку пати, но не смее да ви биде премногу непријатно.

 

Уште еден трик – на очите можете да ставите лажица која била извесно време во фрижидер. Оваа постапка ќе ги намали темните кругови, па во секој случај е одлична, доколку се случи да имате отечени очи наутро.

 

  1. Многу хидратантни креми

 

Алкохолот длабоко ја исуши кожата и сега и треба уште крем. Фокусирајте се на хидратантните креми, серумите и формулите воопшто кои имаат висок процент на хидратација. Ден по дочекот нанесете ги овие препарати во повеќе слоеви, во неколку наврати и задолжително пијте вода, до крајот на денот лицето треба да се врати во нормала.

 

  1. Добра пудра која покрива

 

По ноќта полна со алкохол и играње, добра пудра, со силна покривна моќ, е спас за кожата. Можете исто така да нанесете неколку слоеви за да ги покриете црвенилото и сивилото на лицето. Нанесете ја пудрата со тапкање, и зајакнете ја на места каде што ќе забележите дека лицето е нерамномерно.

 

Пудрите од новата генерација успешно го изедначуваат тенот, а лесно се надградуваат во текот на денот, бидејќи се лесни и имаат завидна концентрација на пигменти во боја на кожата кои го маскираат тенот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma