Потребни состојки:
мелени бисквити – 300 гр
Пудинг од ванила – 1 парче.
маргарин – 100 g / или путер
шеќер – 45 гр
бел еурокрем – 15 гр
шлаг – 100 гр
млеко – 600 ml
Начин на подготовка:
За долниот дел од колачот измешајте мелени бисквити и 100 мл млеко.
За филот потребно е да се направи пудинг така што во една чаша ќе се стават 100 мл млеко и пудинг од кесичка и се меша додека не се соедини.
Во тенџере прелијте 30 0мл млеко и 45 гр шеќер, кога ќе почне да врие додадете го пудингот од чашата и брзо измешајте 2-3 минути додека масата не се соедини. Во таков топол пудинг додадете маргарин/путер и 15 гр бел еурокрем, промешајте, покријте со фолија и оставете еден час да се излади.
Кога ќе се излади, прелијте го филот врз дното на тортата од бисквити со пудинг. Направете го шлагот така што во еден сад ќе го прелиете шлагот од кесичката и додадете 100 мл млеко, изматете со миксер, а шлагот ставете го преку колачот.
Оставете го колачот со пудинг-бисквит во фрижидер да отстои половина час.