Лесно е
СОСТОЈКИ:
- 2 млади тиквички
- Сол по вкус
- брашно по потреба
- сув зачин по вкус
- презла по потреба
- 3 јајца
За пржење:
- масло по потреба
Подготовка
Тиквичките злупете го и исечете го на прстени. Истурете го брашното во сад и посолете. Посебно во сад се матат јајцата, а во друг сад се истура презлата и се додава сувиот зачин.
Прстените од тиквички се валкаат прво во брашно, па се потопуваат во изматените јајца и на крај се валкаат во презла. Пржете ги на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Ставете ги на кујнска хартија за да се ослободите од вишокот маснотии. Сервирајте ги пржените тиквички и послужете.