Овие 4 фрази среќните парови никогаш не си ги кажуваат за време на расправија

popara9 јануари, 20221min00
Screenshot_2

Никогаш не ја минуваат границата

 

Совршени врски и бракови не постојат. Секој има „жолта минута“ и период кога работите не одат глатко. Сепак, има парови кои толку добро се познаваат и им сакаат што не ни помислуваат да се повредат во расправија.

 

Со текот на времето, партнерите учат што е прифатливо и неприфатливо, како и каде постои граница меѓу двете што никогаш не се преминува.

 

Неизбежно е и среќните парови да имаат кавги и несогласувања, но знаат дека овие четири фрази никогаш не треба да се изговараат во афект.

 

  1. Ти си виновен/на

Секогаш кога нешто тргне наопаку, постои природен инстинкт да се обидеме да разбереме што се случило и зошто. Ова обично води до обвинување, а повеќето луѓе не се обвинуваат себеси туку другите.

 

Меѓутоа, ако ја префрлите целата вина на партнерот, тогаш ќе навлечете незадоволство и гнев.

 

  1. Патетичен/на сте

Оваа фраза доаѓа од болката и горчината што се насобрале во текот на врската. Доколку не се справите со овие емоции, тие ќе излезат на површина при расправија или кавга со партнерот.

 

  1. Не ни требаше да се запознаеме

Ако го кажете ова, постои голема опасност да ја уништите вашата врска. Ќе ја погодите самодовербата на партнерот и тешко ќе ја поправите оваа грешка. Затоа, размислете добро пред да одлучите да ја изговорите оваа реченица.

 

  1. Ист/а си како татко/мајка ти

Со оваа навредлива фраза не само што го понижувате партнерот, туку и нивните родители. Не треба да ја злоупотребувате довербата што сте ја стекнале со партнерот, бидејќи запознавањето со родителите е многу голем чекор во емотивната врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma