Вакцината на американската фармацевтска компанија Pfizer против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.
Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги таргетира другите видови на вирусот што циркулираат низ светот.
Сепак, тој нагласи дека сѐ уште не е јасно дали вакцината против омикрон ќе биде потребна и како ќе се користи, но Pfizer сигурно ќе има готови залихи, бидејќи, според него, има влади кои сакаат да купат дози што поскоро.
Претходно, извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел изјави дека компанијата подготвува вакцина против омикрон.