Иако можеби сте ја носеле кратко, маичката „собрала“ многу бактерии
Дали понекогаш носите иста маица два дена по ред?
Ова е голема грешка поради неколку причини.
Можеби маичката сè уште мириса на детергент за перење или омекнувач, но тоа не значи дека е сè уште чиста.
На неа со едно носење се насобрале бактерии, но и честички од пот, поради што треба да ја фрлите за перење. Носењето иста облека два дена по ред може да има последици по вашето тело.
Може да се појават акни на грбот и градите, а исто така може да дојде и до запушување на порите.
Доколку сте забележале дека во последно време често се создаваат, а не сте смениле козметички производи или нешто во исхраната, можеби станува збор за недоволно чиста облека.
Покрај тоа, може да има повеќе иритирачки состојби на кожата – осип, црвенило и чешање. Едноставно кажано, потта што ја носи маицата ја иритира кожата и доведува до црвенило, мали дамки и чешање. Ова особено се случува кога маичката е изработена од синтетички материјали.
Повеќето бактерии се создадени поради вашата пот, маснотии и мртви клетки на кожата, но само запомнете каде сте биле во таа маица и на кои површини сте се потпреле – биро во канцеларија, лифт, седиште во јавен превоз…
На тие места има туѓи бактерии, а вие не сакате да ги пренесете на вашето тело. Затоа, после секое носење, дури и пократко, пожелно е маичката да се остави за перење.