Излеговте на првиот состанок со момчето и се беше супер, но после тоа тој никогаш повеќе не ви се јави. Речиси и да нема жена која барем еднаш не поминала вакво искуство. За што станува збор и кои се најчестите „грешки“ во флертувањето?
Некои жени се родени да флертуваат, други се помалку упатени во областа. Но, и најдобрите прават некои од овие грешки…
Нејасни сигнали
Не е доволно убаво да се облечете и да горите одвнатре за него. Ако не му дадете до знаење дека ви се допаѓа, со насмевка, лежерен допир или заинтересирано слушање, нема да знае дека ви се допаѓа.
Прекумерна самодоверба
Зборувањето за други момци кои ви пеат под прозорецот и чекаат во ред само да ве видат, ќе го избрка момчето што ви се допаѓа. Никој не сака фалбаџии.
Премногу смеа
Мажите сакаат кога се смеете на нивните шеги, но ако претерате, ќе помислат дека глумите и ќе го доживеат тоа како знак дека не се духовити. Кога ќе го повредите нивното его, не можете да очекувате да уживаат во безопасно флертување.