ДАЛИ ЖЕНИТЕ БИ БИЛЕ ВО ВРСКА СО ДОБРИ ИЛИ ЗГОДНИ МАЖИ? Оваа машка особина е КЛУЧНА за долга врска!

popara17 јануари, 20221min00
1041633_profimedia0339965333_ls

Прашањето е дали дамите би избрале добар или згоден маж за врска…

Кога ќе ги прашате жените што најмногу им се допаѓа кај мажите, веројатно ќе добиете околу дваесет различни одговори.

Иако, во повеќето случаи, припадничките на понежниот пол ќе се согласат дека смислата за хумор е многу важна.

Но, тоа не е доволно – прашање е дали дамите би избрале добар или згоден маж за врска…

Имено, истражувањата покажале дека алтруизмот или љубезноста се најважната особина за жените кои бараат врска.

Исто така, податоците покажуваат дека алтруистичните мажи, во просек, имаат повеќе секс.

Истражувачите ги прашале невенчаните Канаѓани до кој степен прават добри дела како што се помагање на другите и давање во добротворни цели. После тоа тие одговарале на прашања за бројот на партнери и колку често водат љубов.

Мажите кои правеле повеќе добри дела имале и повеќе партнерки и почесто имале врски. Од оние кои биле во врска, „добрите“ мажи имале повеќе секс во последните 30 дена од оние помалку алтруистичните.

Друго истражување, објавено во списанието „Evolutionary Psychology“, опфатило 202 жени. Им биле понудени слики и описи на различни мажи. Некои биле многу привлечни, додека други биле претставени како добронамерни и подготвени да помогнат.

Жените би избрале себични и атрактивни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак би избрале мажи алтруисти, без оглед на привлечноста.

Слични резултати имаше и малку постара студија, објавена во The Journal of Social Psychology.

Податоците покажаа дека жените го ценат алтруизмот повеќе од другите особини како мерка за тоа дали потенцијалниот партнер би бил добар родител.

Жените изјавиле дека алтруизмот е важен дури и во краткотрајните врски, но многу поголем процент од дамите веруваат дека алтруизмот е исклучително важен за сериозни врски и брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma