СУПЕРХРАНА КОЈА ЌЕ ЈА ОБОЖАВАТЕ: Зошто е добро да јадете путер од кикирики

popara1 февруари, 20221min00
858263_kikiriki-puter_ls

Не само што е многу вкусен, туку е и вистинска ризница на состојки кои го чуваат вашето здравје.

Тој е неизбежен дел од американската традиција и кујна, но кај нас ретко се користи. Неговата популарност расте, а главните причини за тоа лежат во состојките кои се исклучително хранливи и добри за целиот организам.

Нутритивни вредности на путерот од кикирики

Путерот од кикирики е храна богата со енергија, но тоа не значи дека не треба да биде во вашата исхрана, туку напротив. Како што споменавме претходно, овој путер е богат со хранливи материи. Содржи и витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, витамин Б6, кој служи за зајакнување на имунитетот на организмот. Покрај тоа, путерот од кикирики содржи магнезиум и калиум, кои се неизбежни за здравјето на мускулите и коските. И покрај сите калории што може да се најдат во него, сепак има висок процент на влакна и протеини. Поради нив долго ќе се чувствувате сити, па сигурно ќе ви помогне да ослабете или поточно ќе го спречи прејадувањето.

Како да го јадете

Овој оброк можете да го приготвите пред спиење за да ве дочека наутро. Здравиот појадок е најважниот дел од денот, а тоа ќе ви помогне да изградите посилен имунитет. Потребна ви е една лажица путер од кикирики, 100 гр овесни снегулки, една и пол лажица чиа семе, 200 мл овесно млеко, половина лажица какао во прав. Оставете го путерот од кикирики на страна и измешајте ги сите останати состојки. Оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Наутро додадете една лажица путер од кикирики. Ако сакате, можете да додадете суви или свежи бобинки за дополнително засладување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma