За секој проблем многу брзо и лесно наоѓаат решение, великодушни се и уживаат кога луѓето околу нив се среќни и задоволни. Станува збор за луѓето родени во знакот на Овен.
Имаат едноставен и цврст пристап кон љубовта, но можат да бидат невротични доколку немаат партнер или не добиваат доволно љубов. Луѓето родени во овој знак се мудри, интелигентни и чувствителни.
Како прв знак од Зодијакот, Овенот во животот најдобро се снаоѓа во улога на лидер, додека тешко му паѓа подредена положба.
Искрени се и отворени, не се плашат да го искажат своето мислење дури и во ситуации кога е попаметно да си задржат за себе.
Отворени се, комуникативни и директни. Не сакаат лаги, подметнувања, игри зад грб, со нив секогаш знаете на што сте. Во друштво секогаш го имаат главниот збор, а и самите ги ценат луѓето кои се искрени и комуникативни.
Се случува многу често да им недостига трпение и упорност започнатите работи да ги доведат до крај.