
Одредени истражувања покажуваат дека некои видови храна предизвикуваат поголемо чувство на среќа кај луѓето, па согласно со нив, една германска компанија за испорака на храна составила топ-листа од 5 „најсреќни јадења“.
Германската компанија за испорака на храна „Лиферандо“ (Lieferando) спровела анкета на 2.158 испитаници во текот на 2020 година и ги анализирала нивните чувства и емоции кон храната што им била испорачана. Тие ги следеле нивните реакции пет минути пред испораката на храната и пет минути по јадењето, задржувајќи се на 11 различни видови храна.
Ова се петте јадења коишто предизвикуваат најмногу среќа кај луѓето:
- Индиска храна
На врвот на оваа листа е индиската храна и таа, според оваа студија, ги прави луѓето најсреќни – 83 отсто повеќе. Здравите состојки кои се користат во оваа кујна го подобруваат расположението, здравјето и помнењето.
- Суши
Иако сушито не им се допаѓа на сите, оние кои сакаат сирова риба, чувствуваат зголемување на среќата за 73 отсто по јадењето, се вели во истражувањето.
- Хамбургери
Оваа храна е популарна ширум целиот свет, а ова германско истражување наведува дека откако ќе изедат хамбургер, луѓето се чувствуваат 70 отсто посреќни отколку пред да го добијат сендвичот.
- Тајландска храна
Според испитаниците, испораката од тајландски ресторани за храна го зголемува чувството на среќа за 64 отсто.
- Кинеска храна
Истражувањето покажало дека храната од кинески ресторан ги прави луѓето 58 отсто посреќни. Разновидноста на понуди е она што ја прави кинеската кујна толку привлечна.