Може да делувате очајно во потрагата за партнер
Состанокот може да биде стресен сам по себе и секој пред него размислува како да постави, како да покаже што навистина сака и каква личност е.
Повеќето луѓе уживаат во значаен состанок во кој темите едноставно сами се наметнуваат, хуморот е на високо ниво, а смеата доаѓа често и спонтано.
Покрај тоа, луѓето на состаноците се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за потенцијалниот партнер.
Сепак, тука често се прават грешки. Некои прашања, иако изгледаат сосема исправно и, искрено, се сосема „на место“, од друга страна може да изгледаат навредливо или несоодветно.
Сепак, тоа е само состанок со личност која не ви должи ништо, ниту пак е потребно да ви полага сметки.
Секој поради возбудата може да погреши и да не се покаже во вистинско светло. Затоа не би било лошо да направите некаква подготовка пред состанокот и да направите листа на прашања, според која ќе дознаете се што ве интересира.
Дали повеќе би сакал/а да ја поминеш вечерта со мене или со пријателите?
Никој не го сака ова прашање. Веројатно не сакате вашиот партнер да ве условува и да ве принудува да избирате помеѓу него/неа и другите луѓе.
Од друга страна, ова прашање може да направи да делувате очајно во потрага за партнер и како некој кој нема многу избор, па се труди да го задржи партнерот што е можно поблиску до себе.
Како би реагирал/а ако те изневерам?
Ова е исто како да зборувате за развод кога ќе се венчате. Зошто на почетокот на врската би зборувале за лош крај и нешто што никој не го сака во врската.
Подобро е да се обидете да покажете дека не сте личност која е склона кон изневерување и играње двојни игри.