Андерсон и Хејхерст, чија романса првпат беше потврдена во септември 2020 година, живееја заедно во нејзиниот дом
Актерката Памела Андерсон (54) се разведе од сопругот, телохранителот, Ден Хејхерст, пишуваат странските медиуми.
Имено, парот се венчал на Бадник 2020 година, но љубовта траела една година.
Извор близок до парот изјавил дека „вителот на пандемијата“ исчезнал, додавајќи дека Андерсон сака автентично како што и живее.
Американските медиуми пишуваат дека „љубовната искра исчезнала“ и дека не се согласувале откако побрзале да се венчаат.
Да се потсетиме, Андерсон и Хејхерст, чија романса првпат беше потврдена во септември 2020 година, живееја заедно во нејзиниот дом во Ванкувер, каде што се венчаа.
На малата свадбена церемонија не присуствувале ниту семејството ниту пријателите. Андерсон за таа пригода носеше Хантер чизми под белата старинска венчаница.
Актерката се уште не се огласи на барањата за коментар на некои медиуми во врска со информациите дека се развела.