Ева Лонгорија може да се пофали со одлична линија.
Ја паметиме по улогата на убавата Габриел во серијата „Очајни домаќинки“, а каде е сега и што прави Ева Лонгорија?
Серијата заврши со емитување пред нешто повеќе од 10 години, а актерката сѐ уште може да се пофали со одличниот изглед што го имаше додека ја играше својата најзабележителна улога.
Таа неодамна беше фотографирана како трча на Беверли Хилс. Ева е многу посветена на здравиот начин на живот и вежбањето, за што често зборува на социјалните мрежи.
Актерката се занимава и со режија, па наскоро ќе можеме да гледаме филмови кои се дело на нејзините раце.