Дали ги исполнувате? Овие четири работи се главните предуслови за УСПЕШЕН брак

popara23 август, 20241min00
Screenshot_14

Во бракот нема гаранција, а бидејќи во денешно време секој трет брак завршува со развод, паровите повеќе од било кога треба да работат на својот однос. Луѓето кои ги следат овие 4 совети, имаат успешен брак.

 

 

  1. Не треба да слушате совети од други парови или членови на семејството

Честопати и без прашање луѓето со најдобра намера даваат совети за врските и браковите. Она што треба да го направите е да ги сослушате и потоа да ги игнорирате.

 

Во една рака, луѓето кои често делат такви совети и самите дома имаат проблеми. А и кога имаат совршен брак, прашање е дали нивниот рецепт за среќа ќе ви одговара вам. Секоја врска е поразлична и секогаш функционира на различен начин. Она што функционира за еден пар, не мора да значи дека ќе одговара и за некој друг пар.

 

  1. Не ги употребувајте фразите „Ти никогаш…“ или „Ти секогаш…“

Луѓето во кавга кажуваат работи кои некогаш не ги мислат и драстично го влошуваат веќе затегнатиот однос. Во тие моменти се пререкуваат и најмалите грешки, честопати употребувајќи ги фразите „ти секогаш“ или „ти никогаш“.

 

Критикувањето на партнерот може да стане токсично, кога една карактеристика ќе стане општ опис за личноста.

 

  1. Побарајте помош

Иако многу парови се воздржуваат од барањето професионална помош, тоа им помага на паровите да се носат со своите проблеми. Повеќето луѓе кога ќе се разболат одат на лекар, фирмите бараат помош од советници, па така треба биде и со врските, кога ќе наидат на проблеми кои не можат да ги решат самите, треба да побараат професионална помош.

 

  1. Не го споредувајте својот брак со други бракови

Доколку сметате дека брачните парови кои објавуваат фотографии од среќниот живот на социјалните мрежи се олицетворение на брачната среќа, се лажете. Многу брачни парови во јавност ја презентираат најдобрата слика за себе, додека помеѓу нивните четири ѕидови таа слика е потполно различна.

 

Љубомората кон други брачн парови не само што е исцрпувачка, туку е и погрешна. Секој брачен пар треба да создаде своја среќа на темели кои се за нив важни, земајќи ги в предвид двете личности кои се во таа врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag