Одлична Киндер торта која освојува со својот богат и кремаст вкус, а се подготвува без печење
СОСТОЈКИ:
- 300 гр бисквитИ
- 300 мл млеко
- 700 гр маскарпоне сирење
- 400 мл слатка павлака
- 150 гр шеќер во прав
- 25 киндер чоколатца
За глазура:
- 150 гр чоколадо
Подготовка:
Во плехот за печење наредете ги бисквитите натопени во млеко. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав и кога целосно ќе се згусне измешајте ја со маскарпоне сирењето. Растопете ги Киндер чоколадите и додајте ги во смесата. Добро промешајте и одделете еден дел за глазурата. Остатокот од смесата ставете го врз бисквитите. Израмнете, па одозгора ставете уште еден ред бисквити и премачкајте со кремот кој сте го одвоиле. Оставете 2 часа во фрижидер да се излади. Чоколадото растопете го и кога колачот е готов, украсете го со чоколадо по желба.