Семињата се одличен извор на витамини и протеини, како и минерали и уникатни есенцијални масла. Имаат лековито дејство врз нашиот организам, па особено се препорачуваат за жени над 45 години.
Жените во предменопауза и менопауза мора да ги јадат овие четири семиња доколку сакаат да ги ублажат или спречат симптомите на менопауза.
Овие семиња успешно ги спречуваат кардиоваскуларните заболувања, стареењето на кожата и коските, а ги зајакнуваат косата и ноктите.
Пред употреба, семето треба да се потопи во вода 3 до 7 часа. Потоа можете да ги јадете со овошје или јогурт и да ги консумирате секој ден.
Ако сакате да имате корист од овие семиња, јадете по 2 лажици од едно од овие 4 семиња секој ден.
Чиа семе
Овие семки се богати со омега 3 масни киселини, дури и повеќе од ленот и лососот. Тие содржат антиоксиданси, а само 2 лажици од овие семки имаат 18% калциум и 4 грама протеини. Имаат мала содржина на холестерол и натриум, а богати се со влакна, калциум, фосфор, магнезиум, бакар, калиум, манган, железо и цинк.
Ленено семе
Лененото семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданси, минерали и витамини. Богато е со витамин Б и магнезиум. Помага во подмладување на кожата, го подобрува варењето и го отстранува вишокот килограми.
Сусам
Тој е одличен извор на протеини, калциум и магнезиум. 100 грама сусам содржи фолна киселина неопходна за телото на жената. 2 лажички од ова семе ќе ги зајакнат коските, зглобовите и ќе ја уништат желбата за слатки. Тие успешно се борат против ракот и го подобруваат целокупното здравје.
Киноа
Киноата содржи 9 есенцијални протеини, витамини, амино киселини, ензими и важни минерали. Киноата е одлична замена за месото бидејќи содржи протеини. Помага за опуштање на мускулите на телото и крвните садови, но помага и во борбата против ракот, дијабетесот, атеросклерозата и микробите.