Дали веќе сте биле ЖРТВА НА НИВНИТЕ ИЗМАМИ? Овие знаци лажат НАЈДОБРО и НАЈЛЕСНО!

popara24 јануари, 20221min00
34516_laganje23_f

Сите некогаш сме излажале некого, а тие лаги имаат специфична цел – да се постигне одредена придобивка, да се избегне казна или желба да не се повреди некој близок. Кој тоа не го признава, лаже, тврдат психолозите…

Се разбира, некои луѓе лажат повеќе од другите, а поголема количина на лажење со цел се смета за манипулација. Овие хороскопски знаци се „махери“ во лажењето, затоа обрнете внимание на карактеристиките на нивното лажење за да се заштитите од нивната мрежа на измами.

Шкорпија

Ако одлучите да се соочите со Шкорпијата, подобро бидете спремни и полни со непобитни докази.

„Големото влијание што го имаат врз луѓето им овозможува да го кажат токму она што другите сакаат да го слушнат“, вели Лорен.

Бидејќи често имаат „прекрасен изглед“, Шкорпиите можат да бидат шармери кои „знаат да користат зборови и лукавство за да се доближат до посакуваната цел“.

Рак

Познати како емотивен и грижлив знак, Раковите можат да ги искористат овие карактеристики во своја полза.

– Никој не знае да испреде потресна приказна како Ракот. Нивната мајчинска интуиција може да стане оружје во војната со зборови – објаснува Лорен.

Кога се во ќоше со вистината, Раковите честопати избегнуваат да ја признаат вината

Раковите честопати избегнуваат да ја признаат вината или дури ќе се одлучат на вербален напад за да го пренасочат текот на разговорот, пишува МСН.

Девица

Не дозволувајте Девицата да ве измами. Да, земниот знак често лета под радарот, Девицата е лукава и веројатно најдобра во лажењето од сите знаци.

Девиците подеднакво се добри во измислување, но и откривање лаги од другите луѓе

– Она што ја прави Девицата различна е нејзиното остро око за детали и способноста брзо да размислува во лет – вели таа.

Близнаци

И, најголеми лажливци од сите се: Близнаците, за кои постојано велат дека се лицемерни. И бидејќи тие се управувани од комуникативниот и интелектуален Меркур, Близнаците се „благословени со дарот на брборење“, што значи дека се љубезни говорници.

-Знаат да ги приспособат своите зборови за да одговараат на секоја ситуација, или ако ситуацијата го бара тоа, ќе играат улога на ‘ѓаволски адвокат’ – вели Лорен.

Покрај тоа, Близнаците не се нужно склони кон лажење, но кога ќе го направат тоа, фактите и фикцијата ќе се спојат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma