Почина Тјери Муглер, креаторот кој ги облекуваше најголемите светски ѕвезди

popara25 јануари, 20221min00
tan2022-1-24547413081-830x0

Веста за смртта на познатиот дизајнер беше потврдена на неговиот Инстаграм профил

Тјери Муглер, францускиот моден дизајнер, креативен директор и креативен советник на модната куќа „Муглер“, почина на 74-годишна возраст.

– Шокирани сме што мораме да објавиме дека господинот Тјери Муглер почина во неделата на 23ти јануари 2022 година. Нека неговата душа почива во мир– стои во објавата на неговиот Инстаграм профил.

Кога ја основа својата модна куќа во 1970-тите, Муглер стана познат по својот авангарден, хипер-женствен и театарски пристап кон високата мода.

Францускиот дизајнер соработуваше со најголемите ѕвезди на денешницата

На почетокот на својата кариера, Муглер го дизајнираше препознатливиот изглед на Грејс Џонс, Дејвид Боуви и Дијана Рос, како и комбинациите на облека за спотот на Џорџ Мајкл „Too Funky“, како и фустанот на Деми Мур од филмот „Непристојна понуда“ од 1993 година, кој го доби епитетот „најпознат фустан од деведесеттите“.

tan2022-1-2454825100-830x0
tan2022-1-24547398210-830x0
tan2022-1-24549205940-830x0

Во исто време, тој го лансираше парфемот „Ангел“, кој стана еден од најпродаваните парфеми на 20тиот век.

Во подоцнежните години, Муглер соработуваше со Лејди Гага, која го носеше неговиот модел во спотот за песната „Телефон“, и Карди Би, која често ги носеше неговите креации и на црвениот тепих и во музичките спотови.

Муглер дизајнираше костими за Бијонсе и нејзината светска турнеја; со што неговиот бренд стана еден од најпосакуваните луксузни брендови за потрошувачите од генерацијата Zet, според истражувањето на „Teenage Vogue“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma