ЗОШТО НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е ЗАКОПАН КОБИ БРАЈАНТ: Тајна која внимателно се чува веќе две години!

popara27 јануари, 20221min00
210435_profimedia0494975819_ls

Ванеса изрази желба гробот на Брајант и нивната ќерка да биде строго чувана тајна

Коби и Џана Брајант починаа пред точно две години

Легендарниот кошаркар на Лејкерс, Коби Брајант, загина заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други лица во хеликоптерска несреќа на 26ти јануари 2020 година.

Сопругата на Коби, Ванеса, се согласи да одржи проштална церемонија во Стејплс центарот на 24ти февруари 2020 година, што исто така беше симбол на датумот поради броевите што ги носеа Коби и неговата ќерка – 24 и 2.

Сепак, погребот беше приватен, на приватни гробишта во „Корона дел Мар“, во близина на градот Њупорт Бич во Калифорнија, кој има поглед на океанот. Сепак, многу малку се знае за местото каде што почиваат Коби и Џана.

Правилата на гробиштата каде што се погребани се такви што доколку семејството не сака да ја открие локацијата, тоа останува строга тајна, а сопругата на Коби, Ванеса, решила да ја задржи информацијата што никој нема да ја знае освен најблиските.

Коби ја гушкал ќерка си последните секунди пред несреќата - Reporter.mk

Неколку дена по погребот, британскиот Дејли Мејл објави слики од гробот за кој тврдеа дека им припаѓа на Брајант и Џана. Еден од аргументите дека ова необележано гробно место им припаѓа ним беа цвеќињата, кои беа комбинација на виолетова и жолта, во боите на Лејкерси.

После тоа, многу луѓе почнаа масовно да доаѓаат на гробот, да се фотографираат и да му оддаваат почит на Брајант, па дури дошло и до тежок инцидент, бидејќи еден човек бил уапсен бидејќи ископал дупка на тоа место и го осквернавил гробот.

Сепак, се покажа дека тоа воопшто не е гробот на Коби Брајант и неговата ќерка, а тоа го потврди и еден работник на гробиштата, Ешли Бантон.

Се ближи годишнина од смртта на Коби Брајант: Еден час се смеете, следниот  ден не ви е дојдено до живот - Република

„Можеме да потврдиме дека ова не е гробот на Коби и Џана. Не можеме да откриеме никакви детали за тоа каде почиваат, но можеме да ви кажеме дека ова не е точната локација“, изјави тој откако медиумите добија големо внимание од објавените слики и обид на непознат вандал да ископа дупка на гробното место, кое му припаѓа на лице кое било погребано во ноември 2019 година.

Единствената достапна информација за гробот на Коби Брајант е дека парцелата се наоѓа на самиот врв на гробиштата, од каде се гледа погледот на океанот и плажата Њупорт, каде што живеат Ванеса и нивните три ќерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma